Британија предупредува: Навивачите се враќаат со „грип од камила“ од Светското првенство

Британските здравствени експерти предупредуваат дека се појавил нов вид на грип. Имено Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги предупреди лекарите да бидат внимателни кога станува збор за навивачите кои се враќаат од Светското првенство и покажуваат знаци на болест.

Фудбалските фанови кои се враќаат од Катар се советуваат да ги следат симптомите на „грип од камила“, потенцијално смртоносна респираторна инфекција чии симптоми вклучуваат треска, кашлица и повраќање. Блискоисточниот акутен респираторен синдром (МЕРС) може да се добие преку контакт со камили, објавија британските здравствени власти.

МЕРС може да се добие преку близок контакт со камили или со консумирање производи од камили, на пр. непастеризирано млеко од камила. Други фактори на ризик се близок контакт со заразено лице. Наводно, многу навивачи кои присуствувале на Светското првенство уживале во јавањето камили во Катар.

Во Обединетото кралство до денес се пријавени пет случаи на МЕРС, а последната појава се случила во август 2018 година. Рутинските упатства беа издадени од Агенцијата за здравствена безбедност минатиот месец, а сè уште не се пријавени нови случаи.

Болеста првпат е регистрирана во 2012 година и оттогаш има 2.600 случаи ширум светот, најмногу на Арапскиот Полуостров, соопшти СЗО. Повеќе од една третина од заразените починале како последица на болеста.

Симптоми на болеста се треска, кашлица и повраќање. Не постои специфичен третман за болеста, па лекарите работат на ублажување на симптомите кај пациентите. Околу 35 проценти од заразените со МЕРС умираат како последица на болеста, велат експертите.

Претходна вестНаместо во ноќен клуб завршил во притвор, Скопјанец му нанел рана на полицаец
Следна вестЗајкова: Засрамувачки е како изгледа студентскиот дом „Стив Наумов“