Британската мутација на корона вирусот „влезе“ во охридската болница за срцеви заболувања

Дел од лекарите и медицинскиот персонал од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид се заразени со британскиот сој на коронавирусот.

Неколку месеци веќе во оваа болница има и оддел за третман на ковид-пациенти.

-Сакаме да потенцираме дека во ковид-одделот кај нас се третираа најкомплексни пациенти од целиот регион и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка, велат од болницата.

Сепак, и натаму во неа ќе се третираат итни случаи, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед, а и салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 за сериозни и животозагрозувачки состојби.

 

Претходна вестКовид-статистика: 13 починати за 24 часа, по подолго време над 700 нови заразени
Следна вестРезултати за „Јавна соба“ до 8 март – во спротивно насилниците се охрабруваат