Бројката на невработени падна под 100 илјади, доминираат невработените без образование или само со основно образование

За прв пат во државата по речиси седум години, бројот на невработени кои активно бараат работа се спушти под 100.000, покажува анализата на Порталб.мк.

Во јули на ниво на државата биле регистрирани 98.976 активни баратели на работа што претставува намалување за 6.827 лица во однос на првиот месец од годинава и за 6.972 помалку во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Агенцијата за вработување, најголем број на невработени лица кои активно бараат работа се од Скопје, па следуваат Тетово и Куманово.

-Најголем број на активните баратели на работа се Македонци – 39.416 што преставува 39,8 отсто од вкупниот број на невработени, потоа следуваат 39.060 етнички Албанци со удел од 39,4 проценти, а 10,5 отсто од невработените или 10.451 се Роми, а на четврто место се етничките Турци со 7.006 невработени или 7,1 отсто.

Во активните баратели на работа највеќе доминираат невработените без образование или само со основно образование – дури 60.307 лица. Од друга страна пак, во Агенцијата за вработување пријавени се 16 невработени доктори на науки и уште 530 магистри.

Претходна вестРодители го нападнале синот и неговата малолетна сопруга
Следна вестТранспортери кои возеа за поранешно „Фени“ бараат исплата на над два милиона евра