Бројот на новозаболени од рак во Косово зголемен за речиси 15 проценти

Универзитетската клиничка служба на Косово соопшти дека од јануари до крајот на 2023 година се регистрирани повеќе од 2.000 случаи на рак, што е зголемување за речиси 15 отсто во однос на 2022 година, кога биле регистрирани 1.750 случаи, пренесе „Бета“. Универзитетската клиничка служба соопшти дека од јануари 2023 година на Клиниката за онкологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово им се нудат 50.000 онколошки услуги, јавија приштинските медиуми.

Регистарот на случаи претставен за првпат на Клиниката за онкологија евидентира бројка од 2.000 нови пациенти за 2023 година, што сведочи за прогресивен пораст на малигните заболувања.

Претходна вестРакометарите на Македонија подобри од Црна Гора во контролката пред ЕП
Следна вестГоразд Михајлов е нов тренер на ФК Вардар