Бројот на новозаболени од ковид-19 од почетокот на годината е во постојан пад и во првите три дена од годинава регистрирани се вкупно 923 нови случаи, додека оздравени се 1.328 и починати 15 лица, со што бројот на активни случаи постојано се намалува и изнесува 4.817 лица
По градови, најголем број или повеќе од половина од нозаболените во изминатите три дена се во Скопје – 532, потоа следи Битола со 58, Прилеп со 47 и Охрид со 40 новозаболени од ковид-19.
Над половина од активните случаи или 52 проценти се во главниот град Скопје – 2.548, потоа следат Битола – 349, Прилеп – 321, Охрид – 247, Кавадарци – 190 и Струмица со 146 активни случаи или речиси 80 отсто од сите активни случаи се во овие шест градови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981. Активни случаи се 4.817.