Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат од ковид на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, или вкупно 703 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 7 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 6 нови и 13 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 12 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.