Бројот на пациентите со ковид во болница падна под 900, во Скопје примени нови 34

Вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 384 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 499 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало седум приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 49 оздравени пациенти.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ со предлог закон ќе го брани предметот Историја од Царовска
Следна вест(ФОТО) Просторот кај Млин Балкан уреден според идеите на жителите