Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 068 и има околу 745 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 22пациенти. Шест биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така нема нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите во болниците низ внатрешноста на земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 622 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот.