Работната сила во Кина последните три години е драстично намалена. За загубата на над 40 милиони работници се наведуваат последиците од Ковид 19 пандемијата и како и големиот број на пензионирања во земјата.
– Намаленото работоспособно население во Кина е предизвикано од зголемувањето на бројот на пензионери, Кина има најголема популација и работна сила од која било земја во развој, изјави Ју Џиадонг, заменик-министер за човечки ресурси и социјална сигурност.
Стјуарт Гител-Бастен демограф на Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг пак, рече дека падот на бројот на работници ги одразува факторите како што се поголемата невработеност кај младите поради пандемијата, како и намалувањето на бројот во класичната работна возрасна група на работоспособното население.
Бројот на луѓе во Кина на возраст меѓу 16 и 59 години постепено се намалува од 2012 година. Во текот на изминатите три години, бројот во таа група е намален за 38 милиони на 857,6 милиони, што е многу побрз пад од претходните години.
Лу Фенг, економист за труд на Универзитетот во Пекинг, рече дека демографските промени се „движечкиот фактор“ за падот на вработеноста во 2022 година.