Во последните 24 часа, од направени 1.314 тестирања, регистрирани се 27 нови случаи на ковид-19 во Македонија: Скопје – 19, Прилеп, Штип и Виница – по 2, Струга и Кочани – по 1 лице.
Но добрата вест во однос на наглото намалување на бројот на новозаразени не може да се каже и за бројот на починатите. Нивниот број и денеска е висок 19 починати лица, од кои 7 од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по 2 лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г), по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.
Регистрирани се 192 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452, од кои 1.404 впо Скопје.