Бројот на загинати од поплавите во Либија може да достигне 20 илјади

Бројот на загинати од разорните поплави што ја погодија источна Либија може да достигне 20 илјади само во градот Дерна, изјави градоначалникот Абдулменам Ал Гаити. Официјално 5.300 луѓе се загинато, додека околу 10 илјади се водат како исчезнати.

-Очекуваме многу голем број жртви. Може да достигне од 18 илјади до 20 илјади смртни случаи врз основа на уништените области во Дерна, изјави вчера градоначалникот.

Повеќе од 5.300 луѓе загинаа во поплавите во Дерна. Додека спасувачите и роднините продолжуваат да трагаат по преживеани, според Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, околу 10 илјади луѓе се водат како исчезнати.

Поплавите во источна Либија, исто така, оставија без покрив над 30 илјади луѓе, според Меѓународната организација за миграција на ОН, особено во Дерна.

Претходна вестНеколку пожари во кумановско
Следна вестСамо 360 македонски граѓани со желба да работат на 2.000 работни места во „Бехтел и Енка“