Бројот на заразени падна на 37, но на починати не мрда под 15 – има ли крај ова?

Триесет и седум нови заразени со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во земјава, што е нешто повеќе од 1 отсто од вкупниот број тестирани – 3.143, соопшти Министерството за здравство.

Но, затоа бројот на починати и денеска е 15: три од Битола (70г, 71г и 79г), по две лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г). Од пријавените, три лица  се починати  во домашни, а останатите 12 во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Новите случаи со ковид-19 се во: Скопје – 20, Кичево – 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 69 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на активни случаи во земјава изнесува 2.883, од кои 1.149 во Скопје.

Претходна вестСиндикати: Намалување на комуналните давачки или граѓанска непослушност
Следна вестНаправи ли Владата анализа зошто треба кај нас да „светне“ универзитетот Св. Св. Кирил и Методиј?