Бронза за Андреас Трајковски во скок во далечина на Балканското првенство

Со скок од 7,75 метри Андреас Трајковски го освои третото место во скок во далечина и бронзен медал за Македонија на Балканијадата во Краљево, Србија.

Сè до последната шеста серија Трајковски беше на првото место и на чекор до освојување на златен медал, но српските атлетичари Страхиња Јованчевиќ (7,89 метри) и Лазар Аниќ (7,78 метри) се најдоа на првите две места со нивните најдобри скокови во последната серија.

Трајковски одлично го започна натпреарувањето кога ја отвори првата серија со скок од 7,67 метри, во втората серија прескокна 7,62, во третата 7,72 до кога беше и на водечката позиција, но потоа натпреварувањето беше прекинато еден час заради невреме кое го зафати небото над Краљево.

После паузата во четвртата серија прескокна 7,55, и во петтата серија го потврди до тогаш водечкото прво место со скок од 7,75 метри, во шестата серија немаше сили за да ги надмине скоковите на српските натпреварувачи.

За Трајковски ова е негов втор бронзен медал од Балканијадите, првиот го освои на Балканското првенство во сала во 2022 година.

Претходна вестПроектантот на мостот „Беласица“: Не може со дрон да се заклучи дека каблите не се сериозно оштетени
Следна вестСилно невреме пак предизвика големи штети низ Србија