Пред десет дена полицијата во Нојнкирхен во германската покраина Сар примила неколку повици за четворица мажи кои носат печено животно на ражен. Локалните медиуми јавуваат дека очевидци повикале полиција и изјавиле дека животно било набиено на ражен, пренесува магазинот Феникс
Германската полиција открила кои се мажите кои ги вознемириле граѓаните на Нојнкирхен кога на улица носеле животно на ражен.
Снимката на која се гледаат четворица мажи како носат животно на ражен ги шокирала граѓаните пред неколку дена, а полицијата веднаш се впуштила во потрага и дошла до нови информации.
– Станува збор за четворица Бугари кои организирале прослава по повод православен празник и Денот на бугарската војска и носеле јагне на ражен, било соопштено од полицијата.
Новите информации смириле некои граѓани кои се јавеле во полиција мислејќи дека на раженот има куче. Полицијата навела дека Бугарите го набавиле животното од месарница во близина.
– Месото е подготвувано под легални околности. Со оглед на тоа дека немале возило, го носеле на улица, рекла портпаролката на полицијата.
Открила и детали за мажите кои ја вознемириле Германија. Станува збор за Бугари кои живеат во Нојнкирхен. Не им се заканува казна бидејќи нема казнено дело.