Бугарија: ГЕРБ -ДПС, а потоа и БСП ќе се обидат да направат влада, ако не пак избори

Пратениците во Народното собрание на Бугарија, од втор обид, денеска  ја донесоа одлуката со која се прекинува постапката за формирање влада на Пламен Николов од партијата „Има таков народ“.

На овој начин, претседателот Румен Радев може да ја продолжи уставната процедура со доделување мандат на втората по големина партија за да се направи нов обид за формирање влада. Одлуката беше донесена со 105 гласа „за“, 60 „против“ и еден „воздржан“.

Од коалицијата ГЕРБ-ДПС 60 пратеници беа „за“ и еден „воздржан“, а другите партии ги поддржаа, но за време на гласањето пратениците на „Има таков народ“ повторно не влегоа во салата за гласање.

Вториот мандат би требало да ѝ припадне на ГЕРБ, како второрангирана партија на неодамнешните парламентарни избори, чиј лидер Бојко Борисов, доскорешен премиер на Бугарија, најави дека ќе се откаже од постапката за формирање влада. Борисов најави дека ГЕРБ ќе претстави предлог-кабинет, предводен од Даниел Митов, ама дека веднаш потоа ќе го врати мандатот.

Третиот мандат би го добила БСП, а ако не успее ќе се оди на избори.

„Има таков народ“ на Слави Трифонов не успеа да обезбеди поддршка за влада од двете партии кои првично му најавија поддршка „Демократска Бугарија“ и „Стани. БГ! Доаѓаме“ најавија дека нема да гласаат.

Претходна вестДве лица од Куба се обиделе илегално да ја поминат границата кон Грција
Следна вестНа 19 дена пред стартот на учебната година: Не се знае ниту моделот на настава, а нема ни учебници и свидетелства