Владата на Бугарија усвои нацрт-договор за донација на вакцини против ковид-19, произведени од „Фајзер-Бионтек“ за Македонија, јавија бугарските медиуми.
Тоа е тристран договор помеѓу Бугарија, Македонија и „Фајзер-Бионтек“, и двостран за донација на вакцини против ковид-19 помеѓу двете земји.
Договорите предвидуваат донација од 51.480 дози од вакцината Комирнати, како и дека сите трошоци за достава на вакцините да бидат на товар на Македонија.