Бугарските валсти ќе го екстрадираат Игор Спасов назад во земјава, откако Градскиот суд во Софија, на крајот на минатиот месец го прифатил барањето од нашето Министерството за правда да дозволи негова итна екстрадиција.
Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР – Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот, по пријава за семејно насилство.
Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.
МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.