Бугаринот Виктор Стојанов, човекот со забрана за влез во Македонија, најавува панихида за Мара Бунева

Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“ и лице кое има забрана за влез во Македонија, повикува на 12 јануари да се оддржи собир и панихида за Мара Бунева во црквата Свети Димитриј во Скопје.

Настанот е планиран да почне во 12 часот, а собирот е на кејот на реката Вардар каде треба да се положат венци и цвеќиња.

Секоја година одбележувањето на годишнината од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева предизвикува контроверзи во македонско-бугарските односи. Во минатите години, на овие собири имаше и физички пресметки.

Инаку, фондацијата на Стојанов, имаше една од клучните улоги во минатогодишната манипулација со пописните резултати на Македонците во Албанија.

Претходна вестСДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух
Следна вестНа Божик искршена црквата „Света Петка и Света Недела“ во Тетово