Бугарскиот совет за национална безбедност во јануари ќе разговара за спорот со Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев најавил дека ќе го свика Советодавното тело за национална безбедност за прашањето со Македонија во првата половина на јануари,, пренесуваат бугарските медиуми.

-Важно е да се има став во ова највисоко политичко тело. Треба да го забрзаме процесот на европска интеграција на Северна Македонија, но со почитување на националниот интерес. Важно е да се разбере дека правата на македонските Бугари, создавањето услови за нивно целосно вклучување во јавниот, политичкиот, културниот живот на земјата е прашање од големо значење за Бугарија. Не еднаш сум повикал да престане говорот на омраза, нагласил Радев.

 

Претходна вестУтре сончево и студено со утрински температури под нулата
Следна вестСвлечиште кај Миладиновци, патот е пренасочен на една лента