Бухова разрешена од директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе ја замени Младеновска

По нејзиното барање разрешена е Иринка Сотирова- Бухова од должноста в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти денеска Владата по одржаната седница.

-За в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат именувана е Рената Младеновска, се наведува во соопштението.

Разрешувањето на Бухова, на која мандатот и истече во април годинава, се навестуваше уште во август. Но, тогаш, оваа точка од дневниот ред на владината седница беше тргната. Во тој период опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини дека паралелно со функцијата била ангажирана во приватната очна клиника „Промедика“ каде правела операции без дозвола.

Претходна вестМалолетник од Скопје крадел во градски автобус
Следна вестИзречени пресуди во случајот „Планина“: 22 лица одат во затвор ширење на дроги