Градот Скопје денеска го почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова Река пред Драчево.
Според проектот, булеварот, кој е долг 2.325 метри, наместо досегашните две, ќе добие четири коловозни ленти, а ќе има и пешачки и велосипедска патека. Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри.
Булеварот е една од артериите во градот, кон кого гравитираат педесетина илјади жители и проширувањето треба да се олесни животот во овој дел од градот. Ќе биде поставена нова канализациска мрежа – и атмосферска и фекална.
Изградбата се планира да трае околу две години, поради експропријација и отстранување на оградите.