Министерството за правда денеска ги објави имињата на експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Во групата ќе учествуваат: Сали Мурати-поранешен Претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска- поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани-поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски-поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари- професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска-професор на на Правен факултет ,,Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати-професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први”, Беса Арифи-Професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска-Професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска-професор на Институт за национална историја.
Од Министерството наведуваат дека списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.
-Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, се наведува во соопштението.