Цане Србиновски раскажува како се одбранил од мечката: Ја грабнав за уши и ја држев половина час, не знам како ја турнав…

Ја држел за уши околу половина час за да се одбрани од нападот, а потоа некако ја трунал и избегал, вака се спасил 61-годишниот Цане Србиновски од селото Дреновци нападот на мечката. Ова денеска му го раскаша на Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи кој го посети во неговиот дом во општина Долнени.

Нападот на мечката се случил пред четири дена кога ги терал говедата кон трлото.

-На сам ден Благовец, вечерта, ги терав говедата кон трлото и кога тие одминаа јас со малите телиња одев позади и подвикнував по нив. Потоа одеднаш излезе пред мене мечката и ме фати за левата нога и јас паднав на грб. Преку чизмите што ги носев ме фати за ногата,  раскажува Србиновски.

Тој додава деканабрзо се нашол под мечката.

-Не знам како се извлеков од под неа и со десната нога ја удрив по муцката и му ја пушти ногата. Но, веднаш ме фати пак за левата нога, а со шепата ме фати за десната нога и имам мала рана. Тогаш и со левата нога успеав да ја удрам. Едно време, сакаше за стомак да ме фати и ми даде Господ сила, не знам како, ја грабнав за уши. Ја држев така, не знам колку време, може пола саат да беше, не знам точно. Се уплашив и така ја држам, ја држам и ми даде некоја сила Господ не знам како и ја турнав со рацете. Кога ја турнав така одма станав и заминав до колибата и тогаш нозете ми се здрвија, раскажува Србиновски.

Тој сега има повреди на левата нога на зглбот и оти сега ќе треба да оди на операција.

Директорот на ЦУК, Ангелов рече дека работат на решавање на проблемот со мечките, за кои тој вели дека во последните години ги има се повеќе.

-Работиме на решавање на проблемот со мечките. Во последните години нивниот број е зголемен. Мечка што нападнала човек треба да се отстрани бидејќи може повторно да нападне. Ние ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето, рече Ангелов.

Претходна вестСкопско чудо: Фонтана без вода, ама камиони ја сакаат
Следна вестУниверзална сала не изгоре, изгоре тоа што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски од компанијата изведувач