Спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец по извршена контрола од страна на царински службеници на граничниот премин Меџитлија. Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава.
– Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец, информираат од Македонската царина.
Непријавените производи се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка.