Убаво: Наум Поцев го донира телевизорот кој го доби од Општина Крива Паланка за Водици

Добиениот телевизор како награда го донира на својот сограѓанин, е убав гест кој денеска го направил Наум Поцев од Крива Паланка.

На неодамнешниот верски празник Богојавление – Водици Поцев испеа прв да го фати положениот Свети крст, а по што како награда од Општина Крива Паланка добил телевизор.

Но, желбата да им помогне на луѓето кои имаат многу поголеми потреби кај Поцев била мотив за да го донира добиениот подарок.

-Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка заедно со Наум Поцев, кој годинава го извлече Богојавленскиот свет крст од Крива Река, ги посетија нивниот сограѓанин Игор Младеновски, лице со Даунов синдром и неговата самохрана мајка Рушка. Поцев го донираше телевизорот, наградата доделена од страна на општината. Нека секогаш владеат грижата за заедницата и хуманите дела, објави денеска Општина Крива Паланка на својот Фејсбук профил.

Претходна вестАфриканска чума се појави на Шар Планина, jа пренесуваат дивите свињи
Следна вестТешко повредено младo момче, со автомобил излетало од патот Тетово-Волковија