Три жени каснати од кучиња скитници

Три жени биле каснати од кучиња скитници. Поточно вчера во 17:15 часот во Полициската станица Драчево, М.С.(39) од с.Студеничани, скопско, пријавила дека во с.Студеничани била касната од куче скитник.

– На 22.01.2024 во 12:00 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Варшавска“ во Скопје била касната од куче со сопственик, информираат од МВР.

Исто така вчера во 12:45 часот во СВР Тетово, 57 – годишната Л.К.С. од Скопје пријавила дека на регионалниот пат Жеровјане – Радиовце била касната од куче скитник.

Претходна вестТешко повредено младo момче, со автомобил излетало од патот Тетово-Волковија
Следна вестКовачевски: Владата ќе биде во оставка од четврток во 10 часот наутро