Ковачевски: Владата ќе биде во оставка од четврток во 10 часот наутро

Премиерот Димитар Ковачевски и целата влада од четврток наутро ќе бидат во оставка, со цел до полноќ во недела Македонија да добие техничка влада. Информацијата ја кажа премиерот Ковачевски, кој посочи дека има време да се завршат сите процедури во законски предвидените рокови.

Владата ќе биде во оставка од четврток, во 10 часот наутро, еден ден пред собраниската седница, која треба да се одржи во петок. Според него, има доволно време да се завршат формалностите и в недела да има гласање за техничка Влада.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека обично во светот на изборите се судираат политички партии од центарот и лево од центарот и политички партии центар и десно од центарот, но кај нас сега ќе има избори на кои ќе се соочат политички партии кои се за западна ориентација и за источна ориетнација на државата.

-Овие избори нема да бидат помеѓу левицата и деницата, туку ќе бидат избори помеѓу Западот и Истокот, рече Ковачевски.

А освен владата, во четврток оставка треба да поднесе и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер на Македонија 100 дена пред изборите.

На собраниска седница, треба да се избере и нов пратеник од ДУИ, кој по констатираната оставка на Џафери треба да добие мандат од Државната изборна комисија, но и да се избере координаторот на СДСМ, Јован Митрески за нов претседател на Собранието.

Претходна вестТри жени каснати од кучиња скитници
Следна вестГостиварец бегал од кучиња, паднал и тешко се повредил