Ковачевски до Гир: Пренесете во Бугарија дека ние нашата работа за ја завршивме, а тие нивната работа не

Ние нашето ветување го остваривме, но Бугарија не ја заврши нејзината работа, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето на патот Крива Паланка- Деве Баир. Патот долг 13 километри е реконстриран и рехибилитиран, а доби и трета лента. Ковачевски потсети дека овој пат беше предмет на разговор којшто го имал првиот ден како претседател на Владата со министерот Благој Бочварски, со премиерот на Бугарија Кирил Петков и со нивниот тогашен министер за транспорт и врски.

-И тогаш кажавме дека овој патен правец комплетно ќе го рехабилитираме, комплетно ќе го реконструираме и ќе отвориме трета лента којашто во тоа време не постоеше. Ние нашето ветување си го остваривме. Е сега сакам да му кажам на амбасадорот Гир и на медиумите да му пренесат не сегашниот премиер на Бугарија и на поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков, а сегашен се уште претседател на партијата „Продолжуваат промените“, дека тие нивната работа не си ја завршија. Ниту го завршија делот на патот кај Ќустендил, ниту го завршија делот на патот на страната на Бугарија кон ГП Клепало. Така што, амбасадоре Гир, можете преку Брисел да им кажете дека ние нашата работа ја завршивме, а тие нивната работа не ја завршија, порача Ковачевски.

Истовремено како што најави ќе биде извршена и рехабилитација на патот до Страцин и ќе се отпочнат и работите на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка.

Се работи за инвестиција од 12, 2 милиони евра обезбедени преку грант на ЕУ и поддршка преку ЕБОР.

Претходна вестПолицаец од Охрид претепал сограѓанин, ќе биде суспендиран до завршување на постапката
Следна вестМеџити: Направивме системски промени за европско здравство