Царината заплени облека и обувки од „Долче и Габана“, „Версаче“, „Мајкл Корс“, „Ралф Лoрен“ и „Најк“ на „Табановце“

Облека и обувки од „Долче и Габана“, „Версаче“, „Мајкл Корс“, „Ралф Лoрен„“ и „Најк“ откри македонската Царината на граничниот премин „Табановце“. Царинската управа извести дека на граничниот премин Табановце во два одвоени случаи бил спречен обид за шверцување на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари денари од познати модни марки меѓу кои Долче и Габана, Версаче, Мајкл Корс, Ралф Лoрен и Најк.

Брендираната стока за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

Облеката и обувките од познатите модни имиња меѓу кои и Долче и Габана и Версаче, во вредност од околу 700 илјади денари биле откриени од страна на царинските службеници и тоа во багажот на возач на автобус кој сообраќал на редовна линија Дортмунд – Тетово. Кога царинските службеници ги прашале патниците и возачот дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, тие одговориле дека немаат ништо за пријавување. При контрола на автобусот и багажот, возачот рекол дека има две торби со стара гардероба кои ги земал како пратка, при чиј преглед се пронајдени брендираните производи со прикачени цени.

Брендираните парчиња облека и обувки од марката Најк во вредност од 921.341 денар се откриени од страна на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги при контрола на товарно моторно возило. Возилото е скенирано со мобилен скенер, при што со детална контрола во кабината на возачот на горниот и на долниот кревет, како и во просторот до возачот се пронајдени непријавените брендирани производи.

Претходна вестОнкологија го демантира Мицкоски: Не станува збор за ново откритие или скандал
Следна вестКруме Кепески ја пишуваше македонската граматика, предаваше на македонски јазик во Бугарија…