Околу 700 парчина непријавена облека и 22 пара обувки запленија македонските цариници во пет оделини случаи. Во сите случаи лицата, инаку македонски државјани, се обиделе нелегално да ја внесат робата без да ги платат увозните давачки.
– Во четири од случаите непријавените парчиња облека и обувки се откриени при контрола на автобуси во патните торби на патниците, како и во црни кеси под задните седишта. Во последниот случај, непријавените парчиња облека се откриени при контрола на патничко возило, информираат од Македонската Царина.
Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки.