Цела Битола без вода за пиење поради дефект на главниот цевковод

Без вода за пиење утрово остана цела Битола и околните населби поради голем дефект на главниот цевковод на пумпната станица на ЈП „Водовод“. Директорот на претпријатието Андреј Гинов, потврди дека станува збор за сериозен проблем и вели дека екипите на јавното претпријатие од ноќеска се на терен за санација на дефектот, но неизвесно е кога во градот ќе се нормализира водоснабдувањето.

-Имаше испад од електричната мрежа на затворач од потисниот цевковод на пумпната станица. Дојде до хидрауличен удар, кој поради старост на материјалот предизвика голема пукнатина на цевководот. Во овој период испумпуваме вода од акумулацијата „Стрежево“ до филтерница и така ги снабдуваме домаќинствата. Цела ноќ работиме на санирање на дефектот на цевководот, вели Андреј Гинов, директор на ЈП „Водовод“ – Битола.

ФОТО: ФБ “Водовод“

Претходна вестСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на двојните директори во Царина сака да воведе уште еден заменик-директор, си измислува позиции
Следна вестТрговците ќе го послушаат ли апелот на Мицкоски за намалување на маржите?