Цената на маслото за јадење се очекува да биде помеѓу 136 денари и 148 денари или максимум 154 денари, а оваа цена ќе се задржи особено по празниците.
Ова денеска го изјави Горан Лазов, генералниот директор на фабриката за производство на масло за јадење „Кристал“ во Велес, при денешната средба со министрите за економија и земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски.
-По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават резерви, ќе има доволно масло на пазарот, истакна Лазов по средбата со министрите и додаде дека цената на маслото во Бугарија е 180 денари, или шест лева, а во Грција околу четири евра, односно околу 250 денари.
Лазов тврди дека има и доволно суровина за производство на масло, а во континуитет се вршат набавки од Бугарија. Дополнително, изрази надеж дека на македонските земјоделски површини сончогледот повторно ќе се врати.