Цените на електричните автомобили во Европа ќе паднат поради кинеската конкуренција

Производителите на автомобили „Stelantis“ и „Renо“ ќе се обидат да ги намалат трошоците за производство на електрични возила (ЕВ) со цел да постигнат слични цени и профитни маржи како моделите на фосилни горива поради притисокот од конкуренцијата од Кина, изјавија за Ројтерс директорите на автомобилската индустрија.

Растот на продажбата на електрични возила е забавен поради високите цени и недоволната инфраструктура, а компаниите сега се обидуваат да развијат подостапни електрични возила.

„Краткорочно, би можел веднаш да ја зголемам продажбата на електрични возила со тоа што едноставно ќе дозволам намалување на маржите“, изјави извршниот директор на „Stelantis“, Карлос Таварес.

Глобалната продажба на целосно електрични и plug-in хибридни возила се зголеми за 31 отсто во 2023 година, што е пад во споредба со растот од 60 отсто во 2022 година, објави претходно компанијата „Rho Moušn“, објавија медиумите.

За 2024 година компанијата предвидува глобален раст на продажбата на електрични возила меѓу 25 и 30 отсто, пренесува Танјуг

Претходна вестСтигнале обрасци за пасоши, но само за итна постапка – чинат три пати повеќе
Следна вестМолдавија и Македонија ќе споделуваат искуства од областа на правосудството, со цел побрзо зачленување во ЕУ