Централен регистар соопштија дека практично Министерството за првада се прогласило за ненадлежно, па немале друг избор, освен да го регистрираат Здружението „Иван Михајлов“ оод Битола.
– Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност, соопштија од Централен регистар.
Тие се повикуваат на членот 49 во кој се вели дека „Согласно член 49 од Законот за трговските друштва – Во фирмата може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда“.
Тие се повикуваат на досегашната пракса, секогаш да добиваат исти известувања од Првада за субјектите кои во својот назив имаат податоци за лично име. Оттаму наведуваат дека не нашле ништо спорно во програмата и статутот на Здружението. Централен регистар исто така оценува дека се неопходни прецизирања на Законот за здруженија и фондации, со кои ќе бидат остранети сите недоречености.