На југозапад од Исланд синоќа еруптираше вулкан по неколкунеделни интензивни земјотреси, соопшти метеоролошката служба на таа земја. Четвртата вулканска ерупција во претходните три години во оваа земја ја најавија околу 800 земјотреси тој ден. Околу 4.000 жители на градот Гриндавик, во близина на кој изби лавата, се евакуирани.
Официјални лица во Исланд пред четири дена предупредија дека веројатноста за вулканска ерупција е „голема“ бидејќи стотици земјотреси продолжија да се регистрираат во изминатите неколку часа. Метеорологот Иван Ристиќ истакна дека и регионов на некој начин ќе ги почувствува последиците од ерупцијата. Тој изјави и дека никогаш немало поголема вулканска активност на Земјата и дека сите погледи се вперени во Италија, каде се очекува активност на супервулкан, кој е многу опасен.
– На Исланд имаше ерупција, но во тој град нема повеќе луѓе. Евакуирани се околу 4.000 луѓе, вчера имаше 800 земјотреси во еден ден, што ја најави ерупцијата. Тој чад оди во атмосферата и е поврзан и со метеорологијата. Силен северозападен ветер се движи кон Европа. Ќе стигне и до Балканот, во Србија, долу ќе има смог, а горе вулканска пепел, вели метеорологот Иван Ристиќ, а пренесува „Блиц“.
Сѐ уште нема информации за висината и јачината на ерупцијата и дали ќе има блокирање на воздушниот сообраќај, вели метеорологот Ристиќ.
– Чадот оди право до делот каде што летаат авионите и станува опасен. Беше зафатен огромен регион, сите мораа да се иселат – вели метеорологот Ристиќ.
Овде влијание ќе има и ерупцијата на Исланд
– Чадот оди во атмосферата, а силните ветрови кои доаѓаат од Исланд ќе стигнат до Европа. Во зависност од јачината на експлозијата, ќе зависи и густината на чадот.
Невидена жештина следната година – се очекува да проработи супервулкан во Италија
– Ја губиме зимата, а летото неверојатно се шири. Најавено е дека ќе имаме лето од мај до октомври. Сè е поврзано со земјотреси и вулкани. Сите вулкани се активни, имаме рекорден број земјотреси на планетата. Италија е најопасна, има супервулкан кој се буди на секои илјада години. Сега е 900-та година, се очекува да еруптира во следните 100 години, вели метеорологот Иван Ристиќ, а пренесува „Блиц“.
Активноста на Земјата е на историски максимум. Покрај земјотресите и вулканските ерупции, нè очекуваат и големи климатски промени.