Чаир „корона лидер“, Гази Баба му се приближува

Општина Чаир со 336 заразени и натаму е со најголем број на заболени од корона вирусот во Скопје, кажува статистиката на Институтот за јавно здравје. Најновите податоци алармираат дека во оваа општина и натаму расте бројот на активно заразени, како последица на многубројните кластери.
Јавното здравје ги лоцирал точно 15 извори на зараза од вирусот, но се сомневаат дека се многу повеќе, заради тоа што многу од болните не се пријавуваат и не ги откриваат своите контакти.
Инфекцијата се шири и во општина Гази Баба, каде што вкупната бројка на
заболени се качи на 128. Аеродром со 125, Центар со 121, Бутел со 118, Сарај со 105 и Карпош со 103 заразени се исто така критични општини.
Помалку заболени има во Кисела Вода – 80, Ѓорче Петров – 62, Студеничани – 71, Шуто Оризари – 51,  Арачиново – 38, Илинден – 24, Петровец – 12, Чучер Сандево – 8, Сопиште – 12 и Зелениково- 1.
Претходна вестСо гребење асфалт Шилегов нема да го реши затнатиот сообраќај во центарот на Скопје
Следна вестГрадскиот парк стана шеталиште на марихуана