Чаир се жали: Каменуван ни е автобусот, вандалски чин спротивен на спортските вредности

Кошаркарите на Пелистер славеа во една од дерби пресметките во Првата лига против Чаир 2030 по голема драма со 77-73. Мечот имаше и десетминутен прекин, па тензијата беше на високо ниво.

По натпреварот чаирчани се пожалија дека при заминување од Битола нивниот автобус бил каменуван. Тие споделија виде од оштетувањата, а посочија дека ова е неприфатлив вандалски чин.

-При враќањето на нашиот тим, автобусот беше нападнат со камења, предизвикувајќи материјална штета и загрозувајќи ја безбедноста на нашите играчи и тимот.

Овој вандалски чин е апсолутно неприфатлив и е спротивен на вредностите на спортот и почитта меѓу клубовите. Ние најостро го осудуваме овој напад и апелираме до надлежните органи веднаш да преземат мерки за обезбедување на безбедноста на сите учесници во спортските натпревари.

Кошарката е игра која треба да обединува, а не да разделува. Посветени сме, и покрај ваквите провокации, да го продолжиме нашиот пат со достоинство и професионализам, вели соопштението на чаирчани.

Видеото кое Чаир 2030 го објави на социјалните мрежи:

Претходна вестСела побара од Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвинувањата
Следна вестСилни експлозии се слушаат во Дамаск, Израел напаѓа воени локации