Чаирчанец дома имал оружје колку за цела војска

Во координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, СВР Скопје – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи и Агенцијата за национална безбедност, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, денеска е лишен е од слобода И.А.(47) од Скопје.

При извршен претрес во негов дом и помошни простории на подрачјето на општина Чаир, кај пријавениот се пронајдени рамка од автоматска пушка со 30 куршуми 7,62×39мм, ловна пушка, пумпарица калибар 12/76мм, полуавтоматска пушка од југословенско производство кал.7,62мм и осум ловни патрони.

И.А. е осомничен за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик.

 

Претходна вестЗафир Хаџиманов ја изгуби битката со ковид
Следна вестНе можев повеќе да чекам маткање од нашата Влада, се вакцинирав во Србија