Чаирскиот градоначалник Ганиу до Шилегов: Ја разбираме вашата возмениреност пред избори

Вчерашната промоција на кружниот тек во скопската општина Чаир од страна на скопскиот градоначалник Петре Шилегов предизвика жестока реакција на чаирскиот градоначалник Висар Ганиу. Првиот човек на оваа скопска општина, кој не беше присутен на прес-конференцијата на Шилегов, реагира на изјавата во која скопскиот градоначалник наведува дека проектот го финансирал Градот Скопје. За него биле потрошени 20 милиони денари од градската каса, а што, очигледно, го изреволтира Ганиу кој испрати сооштение до јавноста.

-Почитуван градоначалник Шилегов на инаугурацијата на кружниот тек во близина на поликлиниката во Чаир, кажавте дека општина Чаир нема инвестирано воопшто за изградбата на овој кружен тек. Јас сакам да ве потсетам дека општина Чаир преку даноци и придонеси на граѓаните го има наполнето градскиот буџет со вкупно 1.864.901,00 евра во 2018 година, со 2.533.409,00 евра во 2019 година и до мај во оваа година со околу 585.015,00 евра. Каква е таа сторија од ваша страна дека Чаир го нема финансирано овој проект? Овој проект иако беше предвиден да заврши со буџетот од првата година на вашето владеење, денес доаѓа задоцнет после три години, потенцира Ганиу.

Тој додаде дека ексклузивноста на заслугата за ова и секој друг проект им припаѓа само на граѓаните на оваа држава, како редовни даночни обврзници.

-Ние ја разбираме вашата вознемиреност на прагот на предизборната кампања. Но, фактите ве прават должник кон граѓаните и општина Чаир. Ве потсетуваме дека и покрај нашите настојувања и барања за реализација на повеќе проекти, сте се покажале незаинтересиран, почнувајќи ги истите па потоа игнорирајќи ги. Овој факт највеќе зборува за вашиот концепт “Едно општество за сите”, потенцира чаирскиот градоначалник кој побара 5 милиони евра на граѓаните на Чаир да се претворат во конкретни капитални инвестиции.

Претходна вестСкоро 1.000 лица казнети за неносење заштитни маски, 6 изолирани не биле дома…
Следна вестГрабежот при основен долг од 1.000 денари нараснат на 80.000 денари продолжува