Поранешниот македонски селектор и играчка легенда, Чеде Јаневски, повеќе не е тренер на кипарскиот прволигаш АЕЛ, објавија денеска од клубот од Лимасол.
Кипарците со кусо соопштение само потенцираа дека станува збор за спогодбен раскин на договорот и дека на македонскиот стратег му посакуваат се најдобро. Прекинот на соработката ја потврди и самиот Јаневски.
– Ви благодарам за се и ви посакувам се најдобро во иднина. Големо благодарам и за извонредните навивачи на АЕЛ за нивната поддршка досега, кусо изјави Јаневски.
АЕЛ во последните девет меча оствари само една победа и четири нерешени средби што за управата не беше задоволителен резултат, па реши да ја прекине соработката. Македонецот на Кипар дојде кани во септември кога ја презеде екипата од Хорхе Мануел Ребело Фернандеш, кој доби отказ поради лошите резултати во домашниот шампионат.