Честитка на архиепископот Стефан до Мицкоски: Ви го честитаме изборот за Претседател на Владата на Македонија.

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за претседател на Владата посакувајќи му успешен и плодотворен мандат на, како што истакнува, исклучително одговорната должност.

-Почитувајќи ја волјата на мнозинството граѓани на последните собраниски избори во Македонија, кои во Вашата програма препознаа можност за напредок на државата, дозволете ми од Свое, како и од името на архијереите, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за Претседател на Владата на Македонија. Имајќи ги предвид времето и приликите во кои живееме, Ви посакуваме од Господа успешен и плодотворен мандат на исклучително одговорната должност како Претседател на Македонската Влада. Секоја власт е од Бога, поучува светиот апостол Павле (Рим. 13, 1), па Нашите молитви се упатени кон Него, за Вам и на Вашите соработници да Ви дарува добро здравје, потребно трпение и многу мудрост за успешно извршување на должностите, преку богоугодни и родољубиви дела, се наведува во честитката.

Во неа се додава дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, која вековно ги негува духовните и општествените полезни вредности, очекува соработка со институциите на новата Влада во рамките на Уставните и законските можности.

Претходна вестРакометарките загубија од Црна Гора, ќе се борат за пласман од 13 до 16 место на СП
Следна вестНа Табановце за влез во Македонија се чека околу 15 минути