Четата на Лазаров без желба и борба стигна само до нов пораз

Нов болен пораз на Македонската ракометна репрезентација на Светското првенство 2023. Четата на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Полска загубија убедливо дури и од Аргентина за која велеа дека е противник по мерка. Сепак на крајот од натпреварот на семафорот беше запишано 26:35 за Аргентина.

Ова беше натпревар кој директно одлучуваше која ќе биде третата репрезентација од Ф-групата која ќе продолжи во Главната групна фаза. од Светското првенство. Македонските репрезентативци не ја исполнија целта која сами си ја поставија – продолжување во групната фаза.

Избраниците на Лазаров не покажаа на теренот вистинска желба дека сакаат победа. Немаше црврстина, борба, решителност… Оправдувањето дека има многу дебитанти е во ред ако се работеше за неуграност, но овде се гледаче дека нема доволно борбеност, вистинско трчање, оставање срце на терен… Зошто е така? Конкретен одговор немаше ниту Филип Талески од кого се очекуваше многу повеќе на паркетот.

-Вакви три партии и убедливи порази, навистина нема што конкретно да се каже и да се коментира. Ќе има време за анализа што беше проблемот, очигледно е дека постои проблем што мораме да го решиме ако сакаме да одиме напред. За жал, во моментов сликата е таа што ја прикажуваме, по СП ќе анализираме што точно се случи, изјави Талески.

Одговор на ова треба да даде и Кире Лазаров, а секако да даде и решенија.

Инаку, лошата игра во второто полувреме предизвика и свирежи од дел од македонската публика присутна во салата. Имаше дел што сепак на крајот аплаудираше, но имаше и скандирање „оставка, оставка“.

 

Претходна вестЛазаров: Можеби ова е реалноста на Македонија
Следна вестОблачно со повремени врнежи од дожд