Четата на Лазаров најде сили и знаење за одлични завршни минути од натпреварот со Романија

Добар старт на македонските ракометари во баражот за следното светско првенство. Четата на Кире Лазаров во возбудлив натпревар ја победи Романија со 30-22.

Натпреварот македонските ракометари го почнаа фуриозно, потоа следеа падови, но сепак селекторот и играч Лазаров најде начин како заедно со решителните соиграчи натпеварот да заврши со висока гол разлика. Особено се истакнаа Филип Талески со десет постигнати голови и Филип Кузмановски со седум погодоци. Одлична работа заврши и голманот Николче Митревски.

Натпреварот конечно се одигра со пиблика сала во фантастичната атмосфера во салата „Борис Трајковски“ .

– Конечно игравме пред полна сала, пред нас имавме одличен противник и се излезе добро. Ќе бидам искрен, не спиев добро последните два три дена мислејќи на мечот. Ние многупати сме губеле натпревари на кои сме играле добро 45 минути, а сега имавме одлични 15 завршни минути, изјави Лазаров.

Реваншот во Романија се игра во сабота. Ако ја сочуваме големата предност ќе дојдеме до последната пречка пред Светското првенство, селекцијата на Чешка.

Претходна вестРусите ракетирале фабрика во Лавов, Украинците гранатирале болница во Доњецк…
Следна вестЌе помислат ли пратениците на намалување на прескапите патарини?