Четири дечиња стари до петгодишна возраст кои биле згрижувани во три скопски градински се позитивни на корона ворусот, информираат денеска од Центарот за јавно здравје на Скопје. Според сознанијата, тестовите направени викендов покажале постоење на вирусот кој тие го добиле од своите родители.
Се работи за дечињата кои оделе во градинките во населбите Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош, а кои веднаш се инфорамирани за ова.
-16 деца и четири учителки од сите три градинки заминале во самоизолација, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.
Според епидемиолозите на ниво на Скопје од како се отворија градинките од деветти септември до денеска нема ниту еден случај каде дете на дете пренело вирус или пак на негователка.
Од центарот за јавно здравје Битола денеска потврдија дека вработена во градинката „Коца Василева“ е позитивна на Ковид 19 и превентивно 13 деца беа пуштени во домашна изолација.