Вкупно четири лица се потешко и полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Перо Наков“.
Во СВР Скопје било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(32) од Скопје и патничко возило „Ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово.
-Во незгодата мотоциклистот и сопатникот В.С.(31) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Д.П. и сопатничката од истото возило Н.П.(33) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.