Најмалку четири лица загинаа а 26 други се повредени откако патнички воз се судри со товарен воз во Пардубице во Чешка во средата вечерта, изјави регионалниот гувернер. По инцидентот, спасувачки екипи пристигнале на лице место и почнале да ги проценуваат патниците.
На социјалните мрежи, премиерот на Чешка, Петр Фиала изрази сочувство за несреќата.
Според новинската агенција Reuters, несреќата се случила во Пардубице, дел од главниот железнички коридор на земјата од Прага на исток. Со патничкиот воз управувала железничката компанија „RegioJet“, објави на Фејсбук Мартин Нетолицки, гувернер на регионот Пардубице.
-Директен судир меѓу воз на RegioJet и товарен воз однесе неколку животи, а десетици се повредени, се наведуваво објавата.
Снимката по несреќата на информативната веб-страница idnes.cz покажува најмалку еден вагон излетан од шоните, додека полицијата на својот профил на мрежата X покажа низа од возила на службата за итни случаи и санитетски хеликоптер.
Портпаролот на пожарникарите на железничкиот оддел изјави за чешката телевизија дека неколку патници, исто така, се тешко повредени.
Се наведува дека брзиот воз од Прага до словачки Кошице, со околу 200 патници, се судрил со товарен воз во Пардубице, на околу 100 километри источно од главниот град на Чешка. Според железничката управа, возовите се судриле на новата станица Пардубице центрум, а судирот го прекинал сообраќајот на коридорот кон Моравска, пишува на веб-страницата на чешката железница.
Според објавените фотографии и видеа, возовите директно се судриле, а најмалку еден вагон од патничкиот воз излетал од шините и делумно се превртел.
Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан и министерот за транспорт Мартин Купка веднаш излегоа на местото на несреќата, а за трагедијата се огласи и премиерот Петр Фиала.
-Судирот на два воза во Пардубице е голема несреќа. Сите во мислите сме со жртвите и настраданите. Изразувам искрено сочувство до сите преживеани, објави тој на мрежата Х.