Вчера попладне, во 13 часот, во близина на границата со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, железнички премин затекнале четири лица од Народна Република Кина. По извршените проверки било констатирано дека немаат остварен легален влез на граничен премин во државата.
– Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 147 став 1 од Закон за странците, односно незаконски престој во Република Северна Македонија, соопшти МВР.