Четворица повредени при судир на „Ауди“ и „БМВ“ во охридско

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа во охридското подрачје, информира полицијата.

МВР соопшти дека синоќа во 19.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“, управувано од И.П.(22) од Струга и патничко возило „БМВ“, управувано од А.П.(34) од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Ауди“, М.П.(49) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „БМВ“, Ф.Р.(28) од Струга, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, се наведува во информацијата.

Претходна вестОтворено 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец
Следна вест„Левица“ бара Владата на Македонија да го оспори пописот во Албанија