Чичко удри внук возејќи рикверц во двор

Со тешки телесни повреди вчера се здобил малолетник во Скопје откако бил прегазен од возилото со кое урпавувал неговиот чичко. Полицијата соопшти дека вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза” со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Скопје.

-Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во дворно место од семејниот дом на ул.„Методија Андонов Ченто” малолетникот бил удрен со патничко возило „форд фокус” од неговиот чичко В.Ф.(26), додека се враќал наназад, се наведува во информацијата.

Увид бил извршен од екипа од СВР Скопје.

 

Претходна вестПроруски сепаратисти од Луганск најавуваат референдум за приклучување кон Русија
Следна вест„Спас за Украина“ – глобален онлајн телемаратон со светски ѕвезди ќе се пренесува на плоштадот „Македонија“