Чиј е Колумбо: Научници ќе копаат гроб за да дознаат каде е вистината

Шпанските научници ја отворија гробницата на свештеник од 15 век и му ги ексхумирале коските во обид да ја тестираат теоријата дека Кристофер Колумбо потекнува од северозападниот шпански регион Галиција, а не од Република Џенова.

Иако општо се верува дека Колумбо е роден во Италија во 1451 година, некои тврдат дека тој всушност е роден во Шпанија, или во Галиција, Каталонија, Валенсија, Мајорка или Гвадалахара, додека други тврдат дека всушност бил Португалец.

Неодамна, тим од конзерватори, археолози и форензички антрополози кои работат во црквата Сан Мартин де Собран во галицискиот град Вилагарсија де Аруса ја отворија гробницата на Јохан Марињо де Соутомајор, благородник и архиѓакон кој можеби бил роднина на Колумбо, пишува Гардијан.

ДНК ќе биде извлечена од седум фрагменти од коски извадени од гробницата, а потоа ќе се спореди со примероците земени од посмртните останки на Колумбо и оние на неговиот брат и неговиот син. Истражувачите собрале и примероци од коски од друга црква во областа каде што се верува дека се закопани други можни роднини на Колумбо.

 

Претходна вестСпасовски: Нема пријава за закани кон полицајци, ама има за нивно недолично однесување во Арачиново
Следна вестИзложба „Ченто биографија низ фотографии“ во Струга